петок, јули 10, 2026
Дома БАЛКАН Драма на небото над Македонија: Се скршил прозорец на авион во лет,...

Драма на небото над Македонија: Се скршил прозорец на авион во лет, патниците спасувале Србин да не излета низ него

43

Вистинската драма се одвивала во петокот изутрината на небото над Македонија, на летот на „Рајанер“ од Солун до Минхен. Инцидентот, кој ги шокирал патниците, се случил кратко по полетувањето.

Во текот на летот, се расипал еден од моторите и се слушнал силен тресок, по што еден од прозорците на авионот се скршил откако во него удрил дел од оштетениот мотор. Веднаш потоа се изгубил притисокот во кабината и биле активирани маските за кислород, што предизвикало паника меѓу патниците.

Според очевидци, најкритичниот момент се случил кога воздухот почнал да го повлекува 61-годишниот српски државјанин, кој седел веднаш до скршениот прозорец, пренесува „Прото тема“. Неговото тело било речиси до рамената надвор од авионот, а го спасиле безбедносниот појас, сопругата што седела до него и други патници, кои го повлекле назад. Бидејќи не можел да се поправи дефектот во летот, пилотот веднаш го сменил курсот, побарал итно слетување и успеал безбедно да го врати авионот на аеродромот во Солун, каде што пожарникарите, амбулантните возила, полицијата и другите служби за итни случаи биле ставени во состојба на готовност.

Според последните информации, на Србинот со повреда на вратот му била укажана лекарска помош, а биле прегледани и бремена жена и уште двајца патници. За да се минимизира доцнењето, бил обезбеден друг авион, кој ги однел патниците до дестинацијата.

Надлежните воздухопловни власти водат истрага за инцидентот.

ИЗДВОЕНИ