Драган Николовски-Даце со нов видео спот за песната „Мерак живот, балкански“ ! Приказна што ги спојува генерациите и ја слави македонската традиција , за тоа раскажува новиот видео спот за песната „Мерак живот, балкански“, која од се срце искрено ни ја донесува во својот препознатлив стил, популарниот Драган Николовски-Даце. Тоа е емотивна приказна за љубовта, животот, дружењето и македонскиот боемски дух, претставена низ модерен и урбан визуелен израз.
Видео записот ја презентира основната линија на текстот на песната, но традиционалните мотиви се претставени на современ начин, со цел да ја спојат македонската култура и музичка традиција, за да полесно да допре до помладите помодерни генерации. Во центарот на видеото прикажана е една млада двојка, преку чија животна приказна се раскажува за љубовта што трае. Од нивната прва средба како деца, преку младоста и моментот кога се вљубуваат, па сè до староста. Гледачот го следи нивниот заеднички пат – исполнет со љубов, внимание, почит и меѓусебна посветеност.
-Со песната и видео спотот сакаме да ги споиме генерациите и кај младите повторно да ја разбудиме љубовта кон македонската музика, традиција и културна оставштина. Видеото со се песната е жива приказна за љубовта, меракот и животот – пред се македонски, и воопшто нашиот балкански, вели секогаш распеаниот Даце. (Д.М.)












