Долгата блокада на владата заглави милиони патници на американските аеродроми

24

На американските аеродроми има сериозни доцнења и откажувања на летови, откако владината блокада, што почна на 1 октомври, продолжува без решение и остави речиси 13.000 контролори на летање без плата. Со зголемениот број пријавени боледувања и отсуства, Федералната администрација за воздухопловство (ФАА) предупреди дека одржувањето на редовен распоред станува „сè потешко и понеизводливо“. Сега, преку 3,2 милиони патници се заглавени на аеродромите.

Блокадата на американската влада, која започна поради недоразбирање меѓу Конгресот околу буџетот, ги парализира бројни федерални служби. Главната точка на спорот е финансирањето на Законот за достапна здравствена заштита, кој обезбедува субвенции за милиони Американци.

Блокадата на владата создава и други проблеми. Министерството за земјоделство (УСДА) објави дека програмата за државна помош со храна (СНАП) нема да може да се исплаќа, што дополнително го влошува товарот врз сиромашните семејства. По одлуката на два суда, администрацијата на претседателот Доналд Трамп, сепак, најави дека ќе обезбеди делумни исплати за ноември, но предупредува дека без буџетски договор, „државните фондови наскоро ќе се исцрпат“.

ИЗДВОЕНИ