вторник, јуни 16, 2026
Дома БАЛКАН Докторите се борат за животот на единствениот преживеан од страотната сообраќајка на...

Докторите се борат за животот на единствениот преживеан од страотната сообраќајка на автопатот Шабац-Рума

1367

Млад човек (22), кој беше единствениот преживеан од тешката сообраќајна несреќа што се случи денес околу 13 часот на автопатот Шабац – Рума во близина на Хртковац кога возачот на „Форд“ возел во спротивна насока и се судрил челно со црн „Голф“, е во тешка состојба и лекарите се борат за неговиот живот, дознава српски „Блиц“.

Возачот на „Фордот“, кој влегол во погрешна насока на автопатот, е по потекло од Белград и починал на самото место. Возел со брзина од 130 километри на час откако влегол во погрешна насока на автопатот.

Младиот човек, кој беше единствениот преживеан, е префрлен од Шабац во Ургентниот центар во Белград. Лекарите се борат за неговиот живот поради тешките повреди што ги здобил.

За потсетување, денес околу 13 часот се случи страшна сообраќајна несреќа на автопатот Шабац – Рума во близина на Хртковци кога, како што се сомнева, возачот на „Форд“ влегол во погрешна насока на автопатот и удрил во „Голф“ во кој имало четири патници. Четири лица загинаа.

Четири лица загинаа во тешка сообраќајкa: „Форд“ погрешно се вклучил на автопатoт Шабац-Рума, возел во спротивна насока со 130 километри на час и се забил во „голф“/ВИДЕО

ИЗДВОЕНИ