Портпаролот на иранската војска, потполковникот Ебрахим Золфакари изјави денеска дека ако иранските пристаништа станат мета на напад, ниту едно пристаниште во Персискиот или Оманскиот залив нема да остане безбедно.
Тој нагласи дека заштитата на поморската безбедност во иранските води ќе продолжи, пренесе иранската телевизија „Прес“. „Бродовите поврзани со непријателот немаат и нема да имаат право да поминуваат низ Ормускиот теснец.
На другите бродови ќе им биде дозволено да поминат низ теснецот во согласнсот со прописните на Вооружените сили на Исмамска Република Иран“, изјави Золфакари.
Тој додаде дека Иран, со оглед на постојаните закани, ќе имплементира постојан механизам за контрола на Ормускиот теснец, дури и по решавањето на моменталната криза. Золфакари рече дека ограничувањата кои го воведоа Соединетите Држави на поморскиот транзит во меѓународните води се незаконски и еднакви на пиратство.
Иран воведе ограничувања на преминот низ Ормускиот теснец од почетокот на американско-израелската војна на 28 февруари, а иранскиот парламент го унапреди нацрт-законот со кој би се вовеле транзитни такси во национална валута и експлицитно забрани влез на американски и израелски бродови.
Во одговор на иранската блокада на Ормутскиот теснец, американскиот претседател Доналд Трам ѝ нареди на морнарицата на САД да го блокира Ормускиот тенсец за сите бродови кои се движат кон иранските пристаништа, или испловуваат од нив, која стапи на сила денеска во 16.00 часот по источноевропско време, пренесува „Танјуг“.
Во војната на САД и Изаел против Иран е на сила двонеделно примирја, кое започна на 8 април.












