Македонското еколошко друштво и планинарскиот клуб „Љуботен“, на 26.4.2026 година (недела), ќе го организираат шестиот меморијален марш до врвот Китка, во чест на проф. д-р Љупчо Меловски, човек што го посвети целиот свој живот на заштитата на природата и на пренесување на знаењето на многу млади еколози. Тој беше долгогодишен претседател на Македонското еколошко друштво и активен член и поддржувач на ПК „Љуботен“.
Тргнувањето ќе биде во селото Горно Количани во 7:30 часот, а во 9:30 часот, пристигнувањето ќе биде кај спомен-плочата посветена на Љупчо Меловски. За во 11:00 часот е предвидено пристигнувањето во планинарскиот дом „Китка“, а во 11:30 часот – и до врвот Китка.
За периодот од 11:30 до 12:30 часот е предвиден одмор, а симнувањето, односно враќањето назад е планирано во 12:30 часот. Пристигнувањето во селото и завршувањето на настанот се предвидени за 15:30 часот.
Должината на трасата е 18 километри, а пешачењето во една насока е околу четири часа.











