Џ.Д. Венс за Индија и Пакистан: „Нема да се мешаме во војна што не нè засега“

128
EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс рече дека Индија и Пакистан работат на деескалација на тензиите, но дека САД не може да го контролира нуклеарното вооружување на азиската почва и дека војната меѓунив не ги засега САД.

„Сакаме оваа работа да се деескалира што е можно побрзо. Сепак, не можеме да ја контролираме оваа земја. Она што можеме да го направиме е да се обидеме да ги охрабриме овие луѓе да ги деескалираат тензиите но нема да се вклучиме среде војна која суштински не нè засега и нема никаква врска со способноста на Америка да ја контролира“, рече Венс во интервју за Fox News.

Индија е важен партнер на Вашингтон, кој има за цел да се спротивстави на зголеменото влијание на Кина, додека Пакистан останува сојузник на САД и покрај неговата намалена важност по повлекувањето на американските трупи од соседен Авганистан во 2021 година.

Аналитичарите и некои поранешни американски функционери рекоа дека вмешаноста на Америка во постигнувањето дипломатски цели во војната на Русија во Украина и војната на Израел во Газа може да го принуди Вашингтон да ги напушти Индија и Пакистан во првите денови на нивните тензии, без многу директен притисок од американската влада, пренесува Ројтерс.

ИЗДВОЕНИ