сабота, октомври 31, 2026
Дома СВЕТ Детали за државниот пуч во Полска: Премиерот ѝ нареди на интервентната полиција...

Детали за државниот пуч во Полска: Премиерот ѝ нареди на интервентната полиција да упадне во зградата на Уставниот суд/ВИДЕО

0
EPA/Radek Pietruszka POLAND OUT

Судијката Ана Корвин-Пјотровска ги суспендираше претседателот на Уставниот суд, Богдан Швјетковски, и потпретседателот Бартломеј Сочански, полицијата е стационирана пред зградата на судот, додека претседателот Карол Навроцки ја скрати посетата во странство и се враќа во земјата.

Во петокот вечерта, судијката Ана Корвин-Пјотровска, избрана од актуелното парламентарно мнозинство, донесе одлуки за едномесечно суспендирање од вршење на службените должности на претседателот на Уставниот суд, Богдан Швјетковски, и потпретседателот Бартломеј Сочански.

Како судија со најдолг мандат, Корвин-Пјотровска го презеде раководењето со Уставниот суд, повикувајќи се на прописите за замена на претседателот на Судот, како и член 130 од Законот за организација на редовните судови, јавува полската телевизија Република.

Наведените причини вклучуваат спречување на судиите избрани од Сејмот да учествуваат во донесувањето судски одлуки и блокирање на работата на Генералното собрание на Уставниот суд.

Варшавската полиција неодамна објави дека полицајците не влегле во зградата. Имало инциденти, вклучително и фрлање предмети и апсење луѓе кои влегле во комплексот без овластување. На Свјетковски и Сочански не им било дозволено да влезат во зградата.

Полскиот претседател Карол Навроцки го прекина своето патување во Сенегал. „Во време како ова, претседателот мора да биде во Полска. Се враќам“, напиша тој на социјалната мрежа X.

Подоцна, полскиот премиер Доналд Туск наводно ѝ наредил на интервентната полиција да ја преземе судската зграда.

ИЗДВОЕНИ