петок, август 21, 2026
Дома СВЕТ Десетици илјади во погребната поворка на ајатолахот Хамнеи: Иранците фрлаа камења на...

Десетици илјади во погребната поворка на ајатолахот Хамнеи: Иранците фрлаа камења на слика на Трамп со куршум насочен кон неговата глава

309
Фото: EPA/ABEDIN TAHERKENAREH RESTRICTIONS: NO Access Israel Media/Persian Language TV Stations Outside Iran/Strictly No Access BBC Persian/VOA Persian/Manoto TV/Iran International TV. (As mandated by Iran's Directorate General for Foreign Media) -- RESTRICTIONS: ISRAEL OUT - NO ACCESS ISRAEL MEDIA/PERSIAN LANGUAGE TV STATIONS OUTSIDE IRAN/STRICTLY NO ACCESS BBC PERSIAN/VOA PERSIAN/MANOTO TV/IRAN INTERNATIONAL TV

Десетици илјади Иранци беа дел од погребната поворка на убиениот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи во Техеран. Тие скандираа слогани против американскиот претседател Доналд Трамп и повикуваа на одмазда, објави „Ројтерс“.

Ковчегот со телото на Хамнеи и ковчезите на четири члена на неговото семејство беа носени низ улиците на Техеран со камион, додека пожарникарите со млазови вода ги разладуваа насобраните поради високите температури. Минувајќи под мостот, дел од луѓето фрлаа камења кон постер со фотографија на американскиот претседател Доналд Трамп, на која се гледа куршум насочен кон неговата глава. На плакатот пишува: „Соединетите Држави го убија нашиот татко. Нема да ве пуштиме“. Други повикуваа на смрт на Трамп и на Бенјамин Нетанјаху.

Претходно, тројца од синовите на Али Хамнеи се помолија покрај неговиот ковчег, но новиот врховен лидер на Иран, неговиот син Моџтаба Хамнеи, не се појави.

Подоцна оваа недела, телото на Хамнеи ќе биде пренесено со авион во светиот шиитски град Ком, потоа во две шиитски светилишта во соседен Ирак, а во четврток ќе биде погребано во светилиште во Машхад во североисточен Иран.

ИЗДВОЕНИ