петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Денеска се одлучува за продолжување на мерката куќен притвор за Артан Груби

Денеска се одлучува за продолжување на мерката куќен притвор за Артан Груби

279

Кривичниот суд денеска ќе одлучува за продолжување на мерката куќен притвор за осомничениот Артан Груби, која истекува утре. Надлежен јавен обвинител побарал од судот продолжување на истата мерка во следните 30 дена.

Груби беше  уапсен минатиот месец на граничниот премин Блаце при влез од Косово. Ексвицепремиерот е осомничен за проневера тешка осум милиони евра во Државна лотарија. Полицијата го однесе во затворот Шутка, но ЈО предложи притворот да му се замени со куќен притвор, поради индиции дека му е загрозена личната безбедност и безбедноста на неговото семејство. Кривичниот суд го прифати предлогот, дополнително со 24-часовен надзор што ќе го спроведува МВР. (П.А.)

 

ИЗДВОЕНИ