Осман Дембеле го предводеше ПСЖ до титулата во Лигата на шампионите минатата сезона и заслужено ја освои „Златната топка“. Иако е прва ѕвезда во ПСЖ, сè погласни се шпекулациите дека Дембеле би можел да го смени клубот на крајот од оваа сезона.
Дембеле пристигна во ПСЖ во летото 2023 година од Барселона за 50 милиони евра, а тоа се покажа како одличен потег на клубот од „Паркот на принцовите“.
Овој 28-годишник, по шест турбулентни сезони во Барселона, каде што имаше огромни проблеми со повредите, конечно успеа да го покаже својот квалитет во ПСЖ, поради што ја освои „Златната топка“ минатата година.
Дембеле, веројатно, беше најзаслужен за тоа што ПСЖ го освои „пехарот со уши“ прв пат во својата историја, бидејќи играше навистина неверојатно минатата сезона.
Француските медиуми наведуваат дека тој сака нов предизвик во кариерата и дека веќе направил и постигнал сè што можел во ПСЖ.
Следната дестинација на 28-годишникот е англиската Премиер лига, и јасно е кој е главниот кандидат за Дембеле.
Тоа е Манчестер сити, кој е подготвен да плати речиси 100 милиони евра за да го доведе Дембеле на „Итихад“ на лето.
Покрај Сити, интерес за францускиот репрезентативец покажа и Арсенал, но лондонскиот клуб не сака да потроши толку пари колку што бара ПСЖ.
Сепак, ова не би бил првпат некој да плати толку многу пари за Дембеле, со оглед на тоа што Барселона ѝ плати на Борусија од Дортмунд речиси 150 милиони евра за него пред речиси девет години.
Дембеле има договор со ПСЖ до летото 2028 година, и беше јасно дека таму нешто се „готви“ кога ја отфрли поканата од челниците на европскиот шампион да разговараат за продолжување на неговата соработка.











