Видео од Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија за време на трката „Фридом 250 Гран При“ привлече внимание на социјалните мрежи бидејќи нивниот разговор им изгледаше напнат на многумина.
Бидејќи бучавата од хиподромот оневозможуваше да се чуе што зборуваат, експертот за читање од усни, Никола Хиклинг, се обиде да ја процени содржината на нивната размена.
Пристигнување заедно на трката
Доналд и Меланија Трамп се појавија заедно на трката во Вашингтон. Пред почетокот на трката, тие направија почесен круг во претседателската лимузина, а потоа Трамп ја означи трката со зелено знаме. Гран прито „Фридом 250“ се одржа на 23 август како дел од прославата на 250-годишнината од Соединетите Американски Држави.
Едно од видеата од претседателската ложа ги прикажува Трамп и Меланија како разговараат, а некои корисници на социјалните мрежи заклучија дека имало тензија меѓу нив.
„Не изгледаат среќно“, напиша еден корисник. Друг коментираше: „На многу јавно место, таа се лути на него. Никогаш не му зборувала толку многу јавно.“
Имаше и коментари како „проблеми во рајот“ и „изгледа како кавга“.
„Интензивен“ разговор
Никола Хиклинг, експерт за читање од усни со повеќе од 20 години искуство, ја анализирала снимката за Метро и го опишала разговорот како „интензивен“.
Според нејзината проценка, Меланија во еден момент споменала „приватна и вредна порака“, по што Трамп наводно ја прашал: „Дали тоа беше доволно?“ Таа одговорила, според Хиклинг, „Не знам“.
Трамп потоа наводно рекол дека таа тоа „морала да го види“, на што Меланија одговорила: „Доналд, слушај, јас си одам“.
Според анализата на Хиклинг, Трамп потоа ѝ рекол: „Слушај, таа те замоли да не ја затвораш вратата“. Кога Меланија го прашала зошто, тој одговорил: „Тоа се лоши вести, но не е вистински момент, Меланија“.
Меланија потоа наводно рекла: „Тоа е лудост“, по што му се приближила и му шепнала нешто на уво. Конечно, Трамп, според експертот, рекол: „Завршив со неа“.
Не е познато на кого би се однесувала таа реченица.
This conversation between President Trump and Melania Trump actually seemed to start out somewhat positive a few minutes before this clip starts but as you can see, it didn’t end that way pic.twitter.com/vGTHnrSmIt
— Acyn (@Acyn) August 23, 2026












