И покрај војната во Иран и нејзините економски последици што ги преокупираат Лондон и Брисел, многу работа се одвива зад сцената за да се постигнат поблиски односи меѓу Велика Британија и Европската Унија.
Речиси една деценија откако Велика Британија гласаше за напуштање на блокот, премиерот Кир Стармер им даде задача на своите министри да преговараат за ресетирање по Брегзит, кое ќе ги усогласи областите од британската економија со ЕУ во обид да се намалат цените и да се скратат регулативите за бизнисите, пишува бриселски „Политико“.
Според министерот задолжен за преговори со Европа, Ник Томас-Симондс, договорот за повторно усогласување на клучните делови од британската економија со Европската Унија е на пат да се постигне до почетокот на летото. Тој потврди дека обврската за завршување на ресетирањето до крајот на оваа година ќе биде дел од говорот на кралот, во кој ќе се претстави законодавната програма на владата, на 13 мај. Самитот Велика Британија – ЕУ е закажан за крајот на јуни или јули, за да се утврдат деталите, како и приоритетите за идните разговори.
– Предлог-законот ќе го воведе механизмот на усогласување и очекувам тоа да биде завршено до крајот на 2026 година, и дотогаш неговото парламентарно усвојување да биде завршено, рече тој Томас-Симондс.












