Данските власти спречија обид за атентат врз американско-украински државјанин на данска територија – заговор за кој се тврди дека е организиран од руските разузнавачки служби.
Ова денеска го соопшти кабинетот на данскиот премиер.
Како одговор на овој инцидент, руски воен аташе е протеран од Данска, јавува данскиот јавен сервис ДР (DR).
Полицијата соопшти дека во врска со обидот за атентат се уапсени двајца мажи, за кои постои сомневање дека се членови на забранетата данска банда „Лојални на семејството“ (Loyal to the Family).
Овие настани се случуваат во време на обновени тензии меѓу Европа и Русија. Претходно денеска, две руски ракети – а според извештаите и беспилотно летало – паднаа во Полска; полскиот премиер го опиша настанот како можна провокација, истакнувајќи дека тој се совпаѓа со европските воени вежби што се одржуваат во таа земја, пренесе „Бета“.












