понеделник, јуни 29, 2026
Дома СВЕТ Црн биланс во Венецуела: 1.450 жртви, околу 50.000 жители се водат за...

Црн биланс во Венецуела: 1.450 жртви, околу 50.000 жители се водат за исчезнати

70
screenshot X

Бројот на жртви од разорните земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на 1.450, изјави претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез.

„Бројот на жртви достигна 1.450“, рече Родригез во телевизиско обраќање, давајќи ги најновите официјални бројки. Ова е зголемување од 20 во однос на бројот објавен во саботата.

Обединетите нации проценуваат дека околу 50.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати по земјотресите што ја погодија земјата во средата.

ИЗДВОЕНИ