Јапонската тенисерка Наоми Осака, со победата над Германката Лара Зигмунд, ја почна својата кампања за Ролан Гарос, но непосредно пред турнирот, предизвика гнев кај обожавателите поради една забава која ја организираше.

Имено, на таа забава ги покани Коко Гоф, Гаел Монфилс, Тејлор Таунсенд, Кристофер Јубенкс и Азија Мухамед. Слики од забавата беа споделени на социјалните мрежи, а многу луѓе на социјалните мрежи ја нападнаа. Причината е расната дискриминација, односно фактот дека на забавата беа поканети само тенисерки со темна кожа.

  • Додека растев, немаше многу тенисерки на кои можев да се угледам, а кои личеа на мене. Бидејќи сум жена во спорт како тенисот, се чувствував многу изолирана, но позитивното беше што сите се држевме заедно. Другарството, заедништвото, нема зборови да се опишат. Едноставно, се чувствувате безбедно знаејќи дека некој имал искуства слични на вашите, рече Наоми Осака.

Осака, која е родена во Јапонија и игра за Јапонија, е родена во мешан брак. Нејзиниот татко е хаитски Американец, а нејзината мајка е Јапонка. Кога имала само три години, нејзиното семејство се преселило во Соединетите Држави и доживеало расизам.

  • Пораснав гледајќи како го дискриминираат татко ми. Многупати бил запрен од полицијата на тениските терени. Има многу работи за кои ќе се извинам во мојот живот, но да бидеме горди што сме црнци и да цениме кои сме никогаш нема да биде нешто за кое ќе кажам дека ми е жал. Всушност, лажам. Жал ми е – жал ми е за луѓето кои не можат да го користат својот мозок за да разберат дека ова не е нешто што предизвикува поделба, туку прослава на тоа кои сме, рече таа и стави крај на сето тоа.

Сега поранешната најдобра тенисерка во светот, која е рангирана на 15. место на ВТА-листата, сака да продолжи да освојува трофеи. Засега има четири гренд слем титули, а до петтата може да дојде токму на овој турнир во Париз.

 

ИЗДВОЕНИ