„Инфлацијата речиси го уништува целокупниот раст на платите на Американците“, изјави во напомената Хедер Лонг, главната економистка во „Нејви федерал кредит унион“ и додаде: „Тоа речиси сигурно ќе значи дека инфлацијата ќе биде над платите до април или мај. Тоа е болно. Тоа значи дека многу Американци навистина се под фианасиски притисок и дека мораат да донесат тешки одлуки за тоа што да купат, а што да прескокнат.
Таа неусогласеност меѓу цените и платите се чувствува нееднакво. Анализата на „Институот на Банката на Америка“ на пример, откри дека меѓу домаќинствата со високи приходи растот на платите по оданочувањето во март се забрзал за 5,6 отсто во споредба со претходниот месец.
За домаќинстѕвата со ниски и средни приходи, добивките биле еден, односно два отсто, што покажува заостанување во однос на неодамнешните зголемувања на цените.
Сето ова на крајот би можело да ја оптовари потрошувачката.
Мајкл Пирс, главниот американски економист во Оксфорд Економис“ во белешка од оваа недела изјави дека „се поголемиот удар по реалните приходи на потрошувачите од шокот од цените на енергијата„ ќе придонесе за послаба потрошувачак во првата половина од годината.
Понатамошниот раст на цените на нафтата или корекција на безините, напиша Пирс, ризикува сценариот во кое потрошувачката целосно ќе падне.












