Цените на суровата нафта денеска пораснаа за четири отсто, на 59,4 долари по барел, закрепнувајќи од четиригодишното дно откако техничките индикатори сигнализираа заситеност на пазарот.
Цените, исто така, се зголемија благодарение на враќањето на кинеските купувачи по празниците, објави „Трејдинг економикс“.
Покрај тоа, знаците за потенцијално забавување на производството на нафта од шкрилци во Соединетите Американски Држави помогнаа да се ублажат загриженостите за прекумерна понуда.
Независната компанија за нафта и природен гас „Дајмондбек енерџи“ ја намали својата прогноза за производство и предупреди за претстојниот пад на активноста за копнено дупчење.
Во меѓувреме, умереното намалување на официјалните продажни цени на Саудиска Арабија сигнализираше претпазлив пристап кон пазарниот удел откако Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК Плус) се согласи да го зголеми производството во јуни, објави „Танјуг“.
ИЗДВОЕНИ

Бремена девојка 15 часа била држена заклучена и тепана во Свети Николе – Обвинение и предлог притвор за 21-годишник

Закана за терористички напад преку „Discord“ – 20-годишник од Мала Речица во притвор

Македонија во ЕУ во 2027 – историска шанса или ново разочарување?!

Од 300 евра во Чаир до 3.800 евра за квадрат во Центар – Куманово е лидер, становите таму поскапеле за 24 %








