петок, јуни 5, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Цената на златото падна за нешто помалку од 2 проценти по најавата...

Цената на златото падна за нешто помалку од 2 проценти по најавата на Трамп за можна деескалација на конфликтот со Иран

100

Цената на златото денес падна за нешто помалку од два проценти, на околу 4.430 долари за унца, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави можна деескалација во конфликтот со Иран.

Скапоцениот метал е во минус, бидејќи скоковите на цените на нафтата и сигналите на централните банки го поместија наративот на пазарот кој се движеше кон инфлаторен шок, објави „Трејдинг економикс“.

Глобалните пазари доживеаја екстремни шокови по ненадејната најава на Трамп за петдневна пауза во планираните напади врз иранската енергетска инфраструктура.

ИЗДВОЕНИ