вторник, јули 7, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Цената на кафето на шестмесечен максимум

Цената на кафето на шестмесечен максимум

0
Cup of Coffee and Coffee Beans

Цената на кафето се искачи на највисоко ниво за период од шест месеци, достигнувајќи 3,57 долари за фунта (0,454 кг), поради загриженоста дека лошото време во Бразил и во Виетнам би можело да ги намали идното производство и резервите и да доведе до недостиг на пазарот.

Бразил е најголем светски производител и извозник на кафето арабика, додека Виетнам доминира во производството на робуста.

Според процените на експертот за пазари на стоки Зафер Ергезен, зголемувањето на температурата и намалувањето на врнежите од дожд во овие земји имаат негативен ефект врз цветањето на растенијата кафе, што би можело да доведе до послаб род во следната сезона.

ИЗДВОЕНИ