
Францускиот претседател Емануел Макрон е безбеден по експлозиите што се случија во вторникот во Дамаск за време на нерговата посета, соопшти Елисејската палата. Макрон е во сирискиот главен град на разговори со претседателот Ахмад ал-Шара во претседателската палата.
Сириското министерство за внатрешни работи обави дека во двете експлозии се повредени најмалку 18 луѓе, меѓу кои и двајца полицајци. По извештаите за експлозиите, на социјалните мрежи беа објавени видеа и фотографии на кои се гледа густ чад и пламен од возило во близина на хотел во Дамаск во кој Макрон ја поминал ноќта. Во исто време, сириската државна телевизија објави дека Ахмад ал-Шара го примил Макрон во претседателската палата.
Француските власти изјавија дека претседателот Макрон не ги слушнал експлозиите, бидејќи во тој момент бил на пат кон состанок со својот сириски колега.











