Берзанските цени на гасот во Европа го забрзаа растот и пораснаа за пет проценти, надминувајќи 1.000 долари за илјада кубни метри за првпат од 22 декември 2022 година, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.
Октомвриските, односно најблиските фјучерси според индексот TTF, најголемиот европски гасен центар кој се наоѓа во Холандија, го отворија тргувањето на ниво од 978,9 долари за илјада кубни метри, што претставува раст од 2,6 проценти.
До 7:55 часот цената достигна 991,5 долари, односно порасна за 3,9 проценти. За споредба, пресметковната цена од претходниот трговски ден изнесуваше 954,1 долар за илјада кубни метри.
Конфликтот на Блискиот Исток доведе до значително поскапување на гасот во Европа. Просечните берзански цени во март пораснаа за речиси 60 проценти во споредба со февруари и надминаа 600 долари за илјада кубни метри.
Последните месеци цените на гасот бележат големи осцилации. Во јули пресметковните цени пораснаа за речиси 20 проценти на месечно ниво и во просек изнесуваа 637,5 долари за илјада кубни метри. Во август просечната пресметковна цена достигна 745,4 долари, што е за 17 проценти повеќе отколку во јули.
Во текот на август цената на гасот на берзата ја надмина границата од 800 долари за илјада кубни метри за првпат по пет месеци, додека на почетокот на септември ја проби границата од 900 долари.
Кон крајот на август медиумите, повикувајќи се на експерти, наведоа дека не е исклучено во текот на зимата берзанската цена на гасот во Европа да надмине 1.200 долари за илјада кубни метри поради проблемите со полнењето на складиштата.
Во Русија повеќепати истакнуваа дека Западот направи сериозна грешка со откажувањето од купување на руски енергенси, бидејќи со тоа ќе падне во нова, уште поголема зависност, условена со повисоки цени.
Во Москва исто така наведуваа дека земјите кои се откажаа од директно купување на руски енергенси и понатаму преку посредници набавуваат руски енергенси по повисоки цени, како и дека ќе продолжат да купуваат руски јаглен, нафта и гас.












