Македонскиот пејач урива рекорди! Велешанецот и поранешниот вицешампион во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, пејачот Мики Секуловски, веќе долго време настапува рамо до рамо со мегапопуларната Цеца Ражнатовиќ, а најновиот заеднички настап им беше пред некој ден, во Германија. Едно врeме, Цеца „на увце“ му го запеа нејзиниот голем хит „Лепи громе мој“, со што предизвика торнадо од воодушевување во публиката.
Приредија уште еден незаборавен музички спектакл, овој пат во престижната сала „Мјузик хол“ во Берлин, пред повеќе од 5.000 наши луѓе. На таа иста сцена, пред настапите на Цеца и Мики, свои концерти имаа и Боб Дилан, Дино Мерлин, Здравко Чолиќ и „Бјело дугме“. Покрај незаборавниот настап, медиумите откриваат дека Цеца и Мики во Берлин уживаа во вистински луксуз.
Цеца беше сместена во кралскиот апартман во еден од најелитните хотели во кои ноќеваат и холивудските ѕвезди Анџелина Џоли и Бред Пит. Мики, исто така, беше сместен во хотел кој целиот “пука“ од гламур. (Д. М.)












