четврток, септември 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ЦУК: Нема пожари ставени под контрола – гори кај Македонски Брод, Струга,...

ЦУК: Нема пожари ставени под контрола – гори кај Македонски Брод, Струга, Сарај и Илинден

103

Вкупно седум пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 13:00 часот, од кои четири се сè уште активни, а три се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според податоците на ЦУК, во моментов нема пожари кои се ставени под контрола.

Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, каде што гори дабова шума помеѓу селата Слатина и Грешница, како и во Општина Струга, каде што огнот зафатил борова шума меѓу селата Делогожда и Татеши.

Сува трева и ниска вегетација горят во Општина Сарај кај селото Буковиќ, како и во Општина Илинден, во близина на клучката кај Марино.

Противпожарните екипи успеале целосно да загатнат три пожари.

Изгаснат е пожарот кај фирмата „Енмон“ во Општина Велес, пожарот кај селото Добрејци во Општина Струмица каде гореа ниска вегетација и стрниште, како и пожарот во близина на гробиштата во Општина Ѓорче Петров.

ИЗДВОЕНИ