недела, август 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Чонески повикува на „Крушево Отворени денови“

Чонески повикува на „Крушево Отворени денови“

40

Градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, ги поканува сите заинтересирани туристички работници, занаетчии, производители, угостители и претставници на креативните индустрии да се пријават и да бидат дел од првото издание на саемот за туризам, креативни индустрии и гастрономија „Крушево Отворени денови“.

– Саемот ќе се одржи на 18 и 19 јули, а Градскиот парк во Крушево ќе биде место каде што ќе ги промовираме нашите потенцијали во туризмот, гастрономијата и во креативните индустрии. Верувам дека преку вакви настани создаваме нови можности за соработка, развој и промоција на Крушево. Ве очекуваме да бидете дел од оваа заедничка приказна – повика Чонески.

 

ИЗДВОЕНИ