сабота, јуни 6, 2026
Дома БАЛКАН Четиригодишно дете од Србија ќе се удавело на Халкидики, полицијата го приведе...

Четиригодишно дете од Србија ќе се удавело на Халкидики, полицијата го приведе неговиот татко

196

Четиригодишно момче од Србија ќе се удавело вчера на плажа на Халкидики, а полицијата по инцидентот го уапсила неговиот татко.

Спасувачот реагирал брзо и го извлекол детето од водата, по што брза помош го превезла момчето во Здравствениот центар Касандра, а потоа во Општата болница на Халкидики за понатамошно лекување.

По инцидентот, грчката полиција го приведе таткото на детето за кривично дело „загрозување“. Не е познато дали детето било само во водата во времето на инцидентот.

Момчето е надвор од животна опасност, а истрагата за околностите на несреќата е во тек.

ИЗДВОЕНИ