Британската полиција денеска со кауција ги ослободи петмината мажи уапсени под сомнение дека планирале терористички напад врз воздухопловната база „РАФ Ферфорд“, која ја користи и американската војска.
Шефот на британската полиција за борба против тероризмот, Лоренс Тејлор, изјави дека ослободувањето на осомничените не значи оти истрагата е завршена.
„Тие остануваат под истрага додека работиме на повеќе правци на истражување“, им рече Тејлор на новинарите, пренесува „Блумберг“.












