EPA/DANIEL HAMBURY

Поранешниот светски шампион во бокс, во тешка категорија, Украинецот Александар Усик, зборуваше за тешкиот почеток на неговата кариера и откри дека се во тек разговори за можна проштална борба против поранешниот шампион на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер.

Украинецот верува дека токму тешкотиите од неговите рани години му помогнале да ја изгради дисциплината неопходна за професионален бокс.

„Почнав да работам на 12-годишна возраст и одев на работа на фарма со коњи и овци. Боксот е спорт за сиромашните“.

Според Усик, животот во прекумерна удобност може да ја одземе мотивацијата за напорен тренинг.

„Кога живеете во екстремна удобност и носите свилени пижами, станува многу, многу тешко да станете рано наутро за да тренирате. Кога имате автомобили и пари, тоа е уште потешко“.

Во исто време, Усик потврди дека се дискутира за можноста за борба против Дионтеј Вајлдер како дел од плановите за крајот на неговата кариера.

„Зошто да не? Ако тимот на Дионтеј го сака тоа, ќе го направам. Пари, бизнис… Сега имаме две опции. Ќе ја избереме онаа што е најдобра за мене. Тимот работи на тоа“.

Потенцијалниот судир меѓу Усик и Вајлдер би бил една од најголемите борби што Украинецот би можел да ги има на крајот од кариерата. Усик има совршен професионален скор од 25 победи во 25 борби, вклучувајќи 16 со нокаут. Украинецот е олимписки шампион од 2012 година од Лондон, а своето професионално деби го имаше во ноември 2013 година.

ИЗДВОЕНИ