Јас дојдов од Скопје, естрадата е на една минута од нејзиното почивалиште, но нив ги нема!

-Од Скопје, патував 450 километри, а сите тие луѓе живеат тука, целата естрада на една минута од гробиштата, од нејзиното почивалиште. Кога даваат изјави пред камерите, пред новинарите, сите зборуваат колку многу им недостасува Марина Туцаковиќ, а денес, еве ги нема. Тоа е големо лицемерие и срамота. Барем нека молчат. Каде е например, Ана Николиќ, која ѝ беше миленичка? Каде се останатите? – изјави многу револтирано и со разочарување во пејачите и музичарите, Бојан Јовановски Боки 13, кој дојде на Новите гробишта во Белград на   петгодишен помен на легендарната хит-мејкерка текстописецот Марина Туцаковиќ со која беше голем пријател. Тој објасни дека и поп-дивата Јелена Карлеуша сигурно би дошла на поменот доколку беше во добри односи со сопругот на Марина, со Фута, потсетувајќи дека минатата година Јелена испратила цвеќе за Марина.Не само што беше исклучително близок со Марина цело време и додека таа се бореше со тешката болест, со ракот, Боки имаше и искрена комуникација и со нејзиниот починат син Милан Радуловиќ – Лаќа. Него го посетил во болница само десетина дена пред трагично да го изгуби животот во Израел. И годинешната посета на нивното вечно почивалиште за Боки е исклучително емотивен настан.

-Кога ќе го погледнете тој гроб, мајка со двата сина со Лаќа и Милош кои таму лежат во црна земја, тоа е толку морбидно и толку ми е претажно. Марина беше најпозитивната жена која никогаш не ги делеше луѓето, исклучително интуитивна жена која ја познаваше човечката суштина и можеше да направи хит за еден миг, во солзи зборуваше Јовановски за својата пријателка од Белград.

Воедно Боки 13  ги демантираше и сите трачеви и озборувања дека е скаран со Фута, сопругот на Марина. – Никогаш во животот не се скаравме. Ние сме семејство. Не постои никаков проблем помеѓу нас. Ни стотина Цеци Ражнатовиќки не можат да ме скараат со Фута, јасно раскажа тажниот Боки.   (Д.М.) фотоа:архива

 

 

ИЗДВОЕНИ