недела, септември 27, 2026
Дома СПОРТ Битка за животот на прославениот фудбалер – подложен е на итна операција

Битка за животот на прославениот фудбалер – подложен е на итна операција

0

Поранешниот италијански репрезентативец Пабло Даниел Освалдо е примен на одделот за интензивна нега во болница во Буенос Аирес откако беше подложен на итна хируршка интервенција.

Поранешниот напаѓач со денови се соочувал со силни болки во градите, но побарал медицинска помош дури по наговор на својата сестра и близок пријател.

За време на операцијата, лекарите морале да му отстранат дел од белодробното ткиво, па 40-годишниот Освалдо моментално се наоѓа под постојан надзор на медицинскиот персонал.

Иако е роден во аргентинскиот град Ланус, Освалдо најголемите успеси ги оствари во Италија, каде што стекна државјанство и го носеше дресот на националниот тим.

Во богатата кариера настапуваше за бројни италијански клубови, меѓу кои Аталанта, Лече, Фиорентина, Болоња и Рома, додека за време на договорот со Саутемптон престојуваше на позајмици во Интер и Јувентус.

Интернационална епизода градеше и во Еспањол и Порто, за пред крајот на играчката кариера да ја исполни желбата и да заигра за Бока Јуниорс.

Во клупскиот фудбал собра 88 првенствени голови, додека за селекцијата на Италија запиша 14 настапи и четири пати се впиша во стрелците.

ИЗДВОЕНИ