вторник, јуни 9, 2026
Дома СВЕТ Белгискиот премиер разочаран што Франција и Германија нема да произведaт борбен авион

Белгискиот премиер разочаран што Франција и Германија нема да произведaт борбен авион

0

Белгискиот премиер Барт де Вевер денес изјави дека е „крајно разочаран“ што Франција и Германија не успеаја да постигнат договор за заедничка програма за изградба на нов борбен авион.

„Бев крајно разочаран кога прочитав дека Франција и Германија не можеа да постигнат договор за развој на европски авион од шеста генерација. Какво губење време, каква ароганција. Го избравме ова, да биде ирелевантно во клучен дел од воздушната одбрана, не само сега, туку и за една деценија. Ова е чиста глупост“, рече Де Вевер во Брисел, пренесува Политико.

Новиот борбен авион, во чиј развој е вклучена и Шпанија, требаше да го замени германскиот „Еурофајтер“ и францускиот „Рафал“ до околу 2040 година.

ИЗДВОЕНИ