Јосифовски во Америка, рамо до рамо, со Лепа Брена, “Бијело дугме“, Драгана Мирковиќ…..
Некогашниот македонски победник во балканското тв-шоу “Ѕвездите на Гранд“, харзиматичниот охридски рокер Александар Јосифовски деновиве огромен број своите обожаватели ги израдува со новата песна. Таа е со насловот „Горе од љубоморе“ (Полошо од љубомора). Рок баладата која публиката ја остава без здив. Се слуша, не еднаш, не двати, трипати, туку по стопати, бидејќи не можете да не одолеете на песната и на гласот на охридскиот рокер.
Емотивно испена баладата ја има и вдахната душа на Јосифовски. Без разлика на тоа што е на српски јазик како логично продолжение на неговата музичка кариера на реалцијата Охрид – Белград, песната веќе се наоѓа на голем број македонски топ-поп-листи. Со тоа Јосифовски е повторно на листата на најзначајните естрадни настани за крај на ова лето. Тоа го потврдуваат и поканите за прекуокеанските турнеи со најпопуларните, со: “Бијело дугме“, Лепа Брена, Драгана Мирковиќ, Саша Матиќ, Никола Роквиќ….Конечно, ѕвездата е родена, а таа ѕвезда е нашиот охриѓанец Јосифовски.
Авторскиот тим кој ги напиша музиката и текстот е тандемот Страхиња и Урош Тепавчевиќ, додека за аранжманот, миксот и мастерот се погрижил самиот Јосифовски. Рок баладата е засилена со видеоспот кој го изработила охридска екипа предводена од Ѓоле Савески. Се снимаше во ексклузивниот простор на охридскиот хотел „Белведере“. Во спотот една од главните улоги ја има љубовта на Јосифовски, неговата Ана Павиќ. Токму со Ана, во приватниот живот, Јосифовски се оствари за прв пат како татко. Тие сега ја имаат ќеркичката Алексеја, која животот им го смени за 360 степени, секако во онаа позитивна насока. (Д.М.)












