По повод 100 години постоење, в петок и сабота, во Зоолошката градина во Скопје ќе се одржи зообазар на кој ќе учествуваат средношколци од 22 средни училишта на Град Скопје.
– Учениците ќе ги претстават своите креативни ракотворби, изработки и дела создадени со многу труд, идеи и љубов, а посетителите ќе имаат можност да ги купат и на тој начин директно да дадат поддршка за животните во Зоолошката во Скопје – соопштија од Зоолошката.
Оттаму повикуваат за поддршка на креативноста на младите за да се направи нешто убаво за животните.












