вторник, септември 15, 2026
Дома СКОПСКА Барутана го тресе Центар, ЗНАМ бара детална ревизија на планот

Барутана го тресе Центар, ЗНАМ бара детална ревизија на планот

1

Не стивнуваат реакциите во јавноста за несаканите последици од изгласаниот, како што нарекуваат, контроверзен план за градскиот кварт Барутана. Советниците на движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Општина Центар, кои гласаа против, бараат детално да се ревидира Деталниот урбанистички план.

Сметаат дека површината од 6,9 хектари на која треба да се гради ќе мора да се соголи, да се исечат многу дрва, и тоа, како што предупредуваат, претставува голем ризик за градот и за жителите.

– Водно беше гола планина. Во минатото се случувало да се спуштаат голема маса на вода и земја низ падините, стигнувајќи до околните населби, нанесувајќи материјална штета и доведувајќи ги во опасност животите на граѓаните. За да се заштитат градот и жителите од ерозија, Водно интензивно, неколку децении, е пошумувано. Сега, за интересите и за апетитите на неколкумина, треба да се уништи она што се правеше и одржуваше со генерации – нагласи на вчерашната прес-конференција Крумислав Барзов- Мишко, советник од движењето ЗНАМ – За Наша Македонија.

Инаку, вчера заврши јавната анкета на која центарци можеа да ги дадат своите забелешки и мислења околу контроверзниот и оспорен нацрт-план за Деталниот урбанистички план (ДУП) за месноста Барутана на Водно.

Оваа тема се вжешти во јавноста откако советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ во Советот на Општина Центар, на 14 јули 2026 година, заеднички го изгласаа планот за Барутана, иако планот немал добиено мислење од Дирекцијата за заштита и спасување во однос на опасноста. Против, освен ЗНАМ, гласаа и советниците на „Шанса за Центар“, Левица, како и по еден советник од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ.

Во меѓувреме, центарци потпишуваат петиција со која се бара да се повлече планот за Барутана и Општина Центар да го преработи, со цел да се стопираат предвидените нови градби, кои би ги уништиле пошумените предели и би ги пресекле децениските планинарски патеки.

(А. П.)

 

 

ИЗДВОЕНИ