четврток, јуни 4, 2026
Дома МАГАЗИН „Банка на Америка“ се спогоди со жртвите на Епстин

„Банка на Америка“ се спогоди со жртвите на Епстин

87
Фото:википедија

„Банкат на Америка„ постигна спогодба во граѓанска тужба поднесена од жени кои ја обвинија банката дека му овозможува на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин сексуално да ги злоупотребува, се вели во судските поднесоци.

Жена која го користи псевдонимот Џејн До поднесе групна тужба против втората по големина банка во Соединетите Американски Држави, тврдејќи дека банката ги игнорирала сомнителните финансиски трансакции поврзани со Епстин и покрај „многу информации за неговите злосторства“ и затоа што го ценела профитот повеќе од заштитата на жртвите, објави „Ројтерс“.

„Банка на Америка“ соопшти дека само обезбедувала рутински услуги на луѓе кои во тоа време немале познати врски со Епстин и дека секоја сугестија дека била подлабоко вмешана во злосторствата на Епстин е „неоснована“.

Судијата на окружниот суд на Менхетен, Џед Ракоф, во јануари пресуди дека „Банка на Америка“ мора да се соочи со обвиненија дека свесно профитирала од трговијата со луѓе и сексуалната експлоатација на Епстин со попречување на спроведувањето на федералниот Закон за заштита на жртвите од трговија со луѓе.

ИЗДВОЕНИ