Кошаркарките на Бадел 1862 останаа во игра за шампионската титула, откако во драматичен натпревар ја совладаа Крива Паланка со 71:69 и намалија на 2-1 во финалната серија. Решавачкиот момент го донесе Ива Чолакоска, која погоди кош на само 2.1 секунди до крајот за голема победа на „баделки“.

Фримен, Клири и Чолакоска беа главните двигатели на домашниот тим, постигнувајќи дури 61 од вкупно 71 поен. Фримен мечот го заврши со осум скока и осум асистенции, додека Клири запиша 15 скока.

Кај Крива Паланка се истакна Робонсон со 30 поени, а Ниехуес додаде 18 поени и 10 скока. Следниот натпревар повторно ќе се игра во Скопје, каде што Бадел ќе се обиде целосно да ја врати неизвесноста во финалето.

ИЗДВОЕНИ