понеделник, јуни 15, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Авиокомпанија ги заострува роковите за „чек ин“ на аеродромите, поради хаосот на...

Авиокомпанија ги заострува роковите за „чек ин“ на аеродромите, поради хаосот на границите

85

Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ објави дека ќе ги помести роковите за пријавување и оставање багаж на аеродромите на еден час пред полетување од сегашните 40 минути од ноември, во обид да се намали бројот на патници кои ги пропуштаат своите летови поради долги редици на безбедносните и граничните контроли.

Промената доаѓа во услови на растечки метеж на европските граници, делумно поврзан со воведувањето на Системот за влез/излез (EES), кој бара биометриски податоци за повеќето патници кои не се од ЕУ.

Иако „Рајанер“ вели дека новите правила не се директен резултат на системот, сепак истакнува дека тој придонел за подолги чекања, објавува „Гардијан“. Компанијата проценува дека промената нема да влијае на повеќето патници, бидејќи околу 80 проценти од нив веќе се пријавуваат преку интернет и одат директно на портата за качување, додека околу 20 проценти од патниците ги предаваат своите торби на аеродромот.

Рајанер, исто така, планира да воведе киосци за самопослужување за оставање багаж на повеќе од 95 проценти од своите аеродроми до октомври, со цел да се забрза процесот и да се намалат редиците.

Подолги чекања веќе се пријавени на некои европски аеродроми, а некои земји, како што е Грција, објавија дека нема да ги спроведуваат новите правила за одредени патници во текот на летото од страв од доцнења. Во еден неодамнешен случај, повеќе од 100 патници ги пропуштија своите летови поради метеж на пасошката контрола во Милано.

ИЗДВОЕНИ