петок, јуни 5, 2026
Дома СПОРТ Артета го купува најдобриот офанзивец во светот

Артета го купува најдобриот офанзивец во светот

1885
epa10497710 Arsenal manager Mikel Arteta reacts during the English Premier League soccer match between Arsenal London and Everton FC in London, Britain, 01 March 2023. EPA-EFE/Andy Rain

Шведскиот интернационалец од редовите на Арсенал, Виктор Џокереш, ќе биде многу загрижен за време на летниот преоден рок, бидејќи големи се шансите да добие сериозна конкуренција во врвот на нападот.

Имено, менаџерот на „топџиите“, Микел Артета, одлучил дека сака да го доведе најдобриот офанзивен играч во светот во своите редови, напаѓачот на ПСЖ, Осман Дембеле.

Последниот освојувач на „Златната топка“ е еден од најдобрите офанзивни играчи во светот и може да игра како десно крило, но и како централен напаѓач.

Во ПСЖ, поранешниот играч на Барселона игра претежно како централен напаѓач во последните две сезони.

Кога е во прашање актуелната сезона, Дембеле постигна 11 гола на 24 натпревари и додаде седум асистенции.

Шпанските медиуми тврдат дека Артета и спортскиот директор на Арсенал, Андреа Берта, сериозно работат на овој трансфер и подготвуваат сè за летото.

Договорот на Дембеле со ПСЖ е до летото 2028 година и јасно е дека Арсенал ќе мора да потроши многу пари за да го доведе.

Доколку Арсенал успее во својата намера, тогаш сè би можело да има големо влијание врз Џокереш, кој би можел да биде преместен на клупата.

Сака е прв избор на десното крило и јасно е дека Дембеле би играл како централен напаѓач доколку дојде на „Емирати“.

Џокереш е моментално прв напаѓач на „топџиите“, откако минатото лето пристигна на „Емирати“ од Спортинг. Изминатата сезона постигна 13 гола и имаше две асистенции на 34 одиграни натпревари, а во актуелната на 24 натпревари постигна осум гола.

ИЗДВОЕНИ