сабота, август 15, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ангелов: Три „ертрактори“ се борат со пожарот на Жеден кај Јажинце

Ангелов: Три „ертрактори“ се борат со пожарот на Жеден кај Јажинце

14

Врз пожарот на Жеден, во Општина Јажинце, денеска дејствуваат трите „ертрактори” на Дирекцијата за заштита и спасување, информираше директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Во видео-изјава од самото место, Ангелов информира дека пожарот е пламнат на исклучително стрмен терен со густи грмушки, низ кои движењето е тешко.

-Од тие причини пожарникарите не може да дејствуваат, затоа денес работат трите „eртрактори“ со концентрирано дејство на неколку точки, каде што имаме намера да го пресечеме и да не дозволиме негово ширење. На тој начин, ќе воспоставиме делумна контрола, а можеме до крајот на денот и целосна контрола на овој тежок за гаснење пожар – изјави Анеглов.

Toj, исто така, изрази голема благодарност до тројцата многу храбри пилоти на ДЗС, кои, како што нагласи, секојдневно се на работа и пожртвувано летаат ниско над пожарите со намера да ги изгаснат и на тој начин да им помогнат на македонските граѓани.

 

ИЗДВОЕНИ