Познатиот режисер, актер и продуцент Мел Гибсон го посетеи манастирот Хиландар, каде што ќе престојува неколку дена.
По доаѓањето во манастирот, Гибсон се сретнал со игуменот на Хиландарскиот манастир, архимандритот Методиј.
Гибсон се прослави со улогите во филмовите „Лудиот Макс“ и „Смртоносно оружје“, подоцна се посвети на режијата и постигна голем успех со филмовите како „Храбро срце“, „Апокалипто“ и „Страдањата на Исус“.
Во оваа пригода се огласи и самиот манастир:
– Мел Гибсон, познатиот актер, режисер и продуцент, денеска пристигна во Светиот манастир Хиландар, каде што ќе престојува неколку дена, се наведува во објавата.
ИЗДВОЕНИ

Затворени експозитури, ограничени исплати… Алта банка ги разбуди болните спомени од ТАТ

Женска дипломатија – ќе најдат ли Сиљановска-Давкова и Јотова заеднички јазик?

Владата предлага укинување на Советот на безбедносно-разузнавачките служби, се укинува координацијата, се отвора патот за спојување на агенциите?

Првиот падобрански скок траел неколку минути, а одекнува еден век








