понеделник, јули 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Американец тешко повреден при пад со параглајдер во битолско

Американец тешко повреден при пад со параглајдер во битолско

10

Американец е тешко повреден при слетување со параглајдер во битолско село, информира МВР.

– На 05.07.2026 во 15:52 часот во СВР Битола е пријавено дека во атар на село Породин, битолско, во близина на индустриската зона Жабени, Ф.Б.(59) од САД, при слетување со параглајдер, се здобил со тешки телесни повреди. Ф.Б. со возило на Итна медицинска помош Битола е пренесен во Клиничката болница Битола, каде му се констатирани тешки телесни повреди, се вели во соопштението на МВР.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

ИЗДВОЕНИ