четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Американците разнесоа два свои транспортни авиони за да не паднат во ирански...

Американците разнесоа два свои транспортни авиони за да не паднат во ирански раце; Трамп: Пилотот од „Ф-15“ повреден, но е жив и здрав/ФОТО/ВИДЕО

1684

Војната меѓу Иран, Америка и Израел влезе во својот 37-ми ден. Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека американски воен пилот е спасен од Иран по опасна мисија за спасување. Техеран ги продолжи нападите врз американските бази во земјите од Персискиот Залив, додека ситуацијата ескалира од минута во минута.

Американски пилот принуден да направи смел потег при спасувањето во Иран
Американски офицер, кој бил член на екипажот на авионот соборен во Иран во петокот, морал да направи „смел потег“ рано утрово за да се сретне со спасувачката екипа што влегла во земјата, изјавија американски претставници запознаени со операцијата за спасување.

Претставниците изјавија дека американските беспилотни летала MQ-9 Reaper пукале врз Иранците кои се обидувале да го заробат соборениот американски пилот за време на неговиот престој од приближно 36 часа во планински регион на Иран пред да биде спасен.

„Њујорк тајмс“ објави дека два транспортни авиони што требало да го транспортираат спасениот пилот и командоси од Иран се заглавиле на привремена писта во земјата и морале да бидат дигнати во воздух, како и дека три нови авиони биле испратени во Иран за да го извлечат пилотот и војниците.

Американската војска дигнала во воздух транспортни авиони за да спречи да паднат во ирански раце.

Трамп: Американскиот пилот на авионот соборен во Иран е спасен, повреден, но жив и здрав
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека американските сили успеале да го пронајдат и спасат вториот член на екипажот на авионот соборен длабоко на иранска територија во петокот рано утрово, за кој рече дека е повреден, но „жив и здрав“.

Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп рече дека „во текот на изминатите неколку часа, војската на Соединетите Американски Држави спроведе една од најсмелите операции за пребарување и спасување во историјата на Соединетите Американски Држави“, за еден од „неверојатните офицери, кој е и многу почитуван полковник“ на Америка.

– Овој храбар воин беше зад непријателските линии во опасните планини на Иран, гонет од нашите непријатели, кои му се приближуваа секој час, но тој никогаш не беше навистина сам бидејќи неговиот врховен командант, секретарот за војна, претседателот на Здружениот штаб на вооружените сили и неговите другари ја следеа неговата локација 24 часа на ден и вредно го планираа неговото спасување – нагласи Трамп.

Претседателот на САД рече дека, по негова наредба, војската на Соединетите Американски Држави „испрати десетици авиони, вооружени со најсмртоносното оружје во светот, за да го извлечат“.

Најмалку петмина загинаа во израелски напади врз петрохемиски објекти во Иран
Најмалку пет лица загинаа во израелски напади врз петрохемиски објекти во југозападен Иран, објавија денес иранските медиуми.

Неколку пожари избувнаа во петрохемиската фабрика Боруџ во Абу Даби по нападот
Неколку пожари избувнаа утрово во петрохемиската фабрика Боруџ во Абу Даби откако остатоци од соборен дрон паднаа врз објектот, соопштија локалните власти.

Аракчи: Нападите на САД и Израел врз нуклеарните постројки би можеле да го изложат регионот на зрачење
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, синоќа предупреди дека нападите на САД и Израел врз иранските нуклеарни постројки би можеле да го изложат целиот регион на зрачење и повика на итна меѓународна акција.

Се појави првата наводна снимка од спасувањето на пилотот: Американците жестоко се судрија со Иранците кои се обиделе да го заробат/ВИДЕО

ИЗДВОЕНИ