петок, јуни 19, 2026
Дома СПОРТ Алонсо не сака да го чека Ливерпул, спремен е да прифати друга...

Алонсо не сака да го чека Ливерпул, спремен е да прифати друга понуда

814
epaselect epa10226345 Newly appointed head coach of German Bundesliga team Bayer 04 Leverkusen, Xabi Alonso, poses for the media after a press conference at BayArena in Leverkusen, Germany, 06 October 2022. Alonso receives a contract with Leverkusen until June 2024. EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Чаби Алонсо е уморен од чекањето Арне Слот да го напушти Ливерпул и е подготвен да ја прифати понудата од друг голем клуб која е веќе на неговата маса.

Откако го напушти Реал (М) во јануари, Чаби Алонсо постојано се поврзува со актуелниот шампион на Англија.

Менаџерот на „црвените“, Арне Слот, неколкупати беше на работ да биде отпуштен, но некако буквално во последен момент успеваше да се спаси.

Очигледно е дека тој ја има и поддршката од раководството на клубот и дека следната сезона и она што ќе го прави во текот на неа ќе биде клучно за него.

Од друга страна, Шпанецот не сака да биде без работа толку долго и е уморен од чекањето на челниците на Ливерпул и е подготвен да ја прифати понудата која е на неговата маса.

Според англиските медиуми, Чаби Алонсо е фаворит број еден да биде нов менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи.

Доколку не се постигне договор, Челзи има и две резервни опции, а тие се Марко Силва и Андони Ираола.

Клубот од „Стемфорд Бриџ“ го отпушти Лиам Росениор, кој го водеше лондонскиот тим на ужасен начин. Ираола потврди дека ќе го напушти Бурнемаут на крајот од сезоната и јасно е дека ќе бара нов предизвик во кариерата.

Силва сè уште не потпишал продолжување на договорот со Фулам, па затоа е исто така реална опција, но „цел“ број еден е Чаби Алонсо.

Сепак, сè ќе почека до крајот на сезоната, секако кога станува збор за преземање на тимот, бидејќи Челзи сака новиот тренер да има „свеж“ почеток.

До крајот на сезоната, Челзи ќе го води Калум Мекфарлан, кој обезбеди пласман во финалето на ФА Купот.

ИЗДВОЕНИ