Карлос Алкарас ќе се врати на Отвореното првенство на САД по неколкумесечна пауза, но и покрај отсуството на Јаник Синер, патот до титулата во Њујорк нема да му биде лесен.

Поранешниот трет тенисер во светот, Николај Давиденко, смета дека најголемиот проблем за Шпанецот може да биде токму долгото отсуство од натпреварувачки тенис.

Алкарас го одигра последниот официјален меч во април, на турнирот во Барселона, по што поради повреда на зглобот, беше принуден да паузира неколку месеци.

Токму затоа, Давиденко ги издвојува првите рунди како најголем тест за младиот Шпанец, кој во Њујорк ќе пристигне без вистинска натпреварувачка форма.

  • Многу фанови на Алкарас сакаат да го видат како ја освојува титулата, особено затоа што Синер не е тука. Но, не мислам дека ќе му биде лесно, изјави Давиденко.

Русинот смета дека многу ќе зависи од тоа колку брзо Алкарас ќе успее да го пронајде вистинскиот ритам.

  • Ако успее да ги помине раните рунди и постепено да ја врати формата како што напредува турнирот, тогаш можеби може да постигне добар резултат, додаде поранешниот трет тенисер во светот.

Сепак, Давиденко не сака однапред да го прогласи Алкарас за шампион, и покрај тоа што отсуството на Синер дополнително ги зголемува неговите шанси.

  • Невозможно е да се каже со 100 проценти сигурност дека ќе го освои Отвореното првенство на САД, заклучи Давиденко.

Алкарас така ќе има голем предизвик уште на стартот на турнирот – да ја надополни загубената форма и да покаже дека паузата не оставила трага врз неговата игра.

 

ИЗДВОЕНИ