четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Алармантно на африканскиот континтент: Бројот на сомнителни случаи на ебола скокна на...

Алармантно на африканскиот континтент: Бројот на сомнителни случаи на ебола скокна на повеќе од 1.000

24

Бројот на луѓе во Демократска Република Конго за кои се сомнева дека имаат ебола се зголеми на 1.028, изјави министерот за здравство на Конго, Самуел Роџер Камба.

Тој им изјави на новинарите дека 225 лица во Конго се потврдени како заразени со вирусот ебола, објави Ројтерс. Камба потсети дека само два дена претходно, во Конго имало 906 лица за кои се сомневало дека го имаат смртоносниот вирус.

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека од прогласувањето на епидемијата на 15 мај, во ДР Конго се регистрирани 10 потврдени и 223 сомнителни смртни случаи од ебола, со предупредување дека вистинскиот обем на епидемијата може да биде многу поголем бидејќи вирусот циркулирал неоткриен подолго време.

Еден смртен случај и девет заразени со вирусот ебола се регистрирани во соседна Уганда. Станува збор за редок сој на вирусот за кој во моментов нема вакцина или специфична терапија.

Уганда официјално ги потврди случаите на ебола на 15 мај, а тие случаи беа поврзани со патници од Конго. Поради ова, Уганда привремено ја затвори границата со Конго за да се спречи ширењето на инфекцијата.

Светската здравствена организација официјално прогласи меѓународна здравствена вонредна состојба поради епидемијата на ебола во Конго и Уганда.

ИЗДВОЕНИ