недела, јуни 28, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Ако ви го откажат летот – следува целосен поврат на парите! ЕУ...

Ако ви го откажат летот – следува целосен поврат на парите! ЕУ воведува нови правила за патниците

12

Европската Унија постигна привремен договор за нови правила што треба значително да ги зајакнат правата на патниците во сите видови превоз, со посебен акцент на авионскиот сообраќај.

Една од најважните новини е дека патниците ќе имаат право на целосна рефундација, вклучувајќи ја и провизијата на туристичките агенции или онлајн платформите, доколку летот биде откажан. Парите ќе треба да бидат вратени во рок од седум дена, а ако посредникот претходно ја платил картата, рокот за рефундација е 14 дена.

Новите правила предвидуваат и стандардизирани обрасци за поднесување барања за рефундација и надомест, како и поефикасно решавање на поплаките на патниците низ целата ЕУ.

Дополнително, значително се зајакнуваат правата на лицата со попреченост и на лицата со намалена подвижност. Тие ќе продолжат да имаат право на бесплатна помош во текот на целото патување, а доколку авиокомпанијата бара придружник од безбедносни причини, тој ќе може да патува бесплатно и да седи до патникот.

Договорот сега треба да биде одобрен од Советот на ЕУ и Европскиот парламент, по што новите правила официјално ќе стапат во сила.

ИЗДВОЕНИ