EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Првиот тениски рекет на светот, Јаник Синер, сè уште е надвор од теренот поради здравствени проблеми, како и повреда на коленото.

Тој го загрижи тенискиот свет со изјава на модна ревија во Милано, во разговор со директорката на американскиот „Вог“ Ана Винтур. На прашањето дали ќе биде подготвен за следната година, Синер прво се насмеа, а потоа одговори:

„Па, ако не сум подготвен во јануари, тоа е голем проблем…“ рече Синер.

Тој додаде дека мислел дека ќе биде подготвен за турнирот во Пекинг, но Италијанецот сè уште не отпатувал во Кина. Италијанските медиуми пишуваа за неговата моментална здравствена состојба, па дури и најавија можна операција.

ИЗДВОЕНИ