вторник, август 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА АХВ смирува: Нема потреба од паника, да се извести надлежната служба и...

АХВ смирува: Нема потреба од паника, да се извести надлежната служба и да се избегнува директен контакт 

1

Граѓани се загрижени и реагираат откако виделе мртва птица. Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) смируваат и апелираат до јавноста да не се создава непотребна загриженост при појавата на поединечна мртва птица во урбана средина, вклучително и гаврани и други диви преселни птици.

– Особено внимание треба да се посвети доколку се забележат поголем број пцовисани гаврани или други диви преселни птици на исто подрачје и во краток временски период – наведуваат од АХВ.

Притоа, ги упатуваат граѓаните што ќе забележат ваква невообичаена појава да ја известат надлежната служба и да избегнуваат директен контакт, допирање или преместување на мртвите птици.

– Агенцијата континуирано ја следи состојбата и согласно со процената на ризикот, ги презема потребните мерки за надзор, земање примероци и лабораториско испитување – заклучуваат од АХВ.

 

ИЗДВОЕНИ