недела, јуни 7, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Африкански горештини се на прагот! Температурата во Македонија до 40 степени!

Африкански горештини се на прагот! Температурата во Македонија до 40 степени!

109

Под влијание на топол бран од Африка со умерен до засилен интензитет, во периодот од (понеделник 23 јуни до петок 27 јуни) во Македонија ќе имаме многу сушен и топол период со многу високи температури на воздухот, како и многу сонце. Температурите насекаде ќе се искачуваат над 30/35 степени, додека во Повардарието тие ќе се искачат и до околу 40 степени.

За време на погоре споменатиот период во Скопскиот регион температурата ќе се искачува до околу 38/39 степени, пишува Метеоаларам во најновата временска прогноза.

За време на овој умерен до засилен топол бран од Африка, УВ индексот кај нас ќе има многу висока до екстремно висока вредност и ќе изнесува 9.

ИЗДВОЕНИ