петок, јуни 5, 2026
Дома СПОРТ РАКОМЕТ Абутовиќ после 16 години повторно го облече „црно – белиот“ дрес

Абутовиќ после 16 години повторно го облече „црно – белиот“ дрес

388
FOTO: RK PARTIZAN

Партизан полека ги составува своите парчиња за следната сезона, а Илија Абутовиќ ќе игра важна улога во тимот на Раул Гонзалез, кој по 16 години повторно ќе го носи „црно-белиот“ дрес.

Моментно дефанзивецот на македонскиот шампион Еурофарм ПЕлистер, кој има богато меѓународно искуство и импресивен престој во дресот на српската репрезентација, го освои првиот трофеј во кариерата со Партизан и признава дека посебни емоции и спомени го врзуваат за тој период.

„По 16 години, повторно сум во оваа канцеларија. Емоциите што ги имам за клубот се одлични, сите мои пријатели и луѓе околу мене знаат дека сум  во Партизан. Посебен момент во мојата кариера ме врзува за овој клуб, а тоа е првиот освоен трофеј во мојата кариера. Го освоивме Купот со победа во финалето над Колубар во Панчево. Долго време бев во контакт со раководството на клубот, моите поранешни соиграчи и ми се допадна целиот проект.

Мојата голема желба беше да се вратам, многу сум среќен и ќе дадам се од себе да го правам она што го правам најдобро на теренот. Мислам дека тимот за следната сезона ќе биде добар, дека ќе бидеме поконкурентни во Европа, не само во домашното првенство. Очекувањата се големи, особено со доаѓањето на, според мене, најдобриот тренер во светот, Раул Гонзалез. Работев со него четири години, поминавме низ многу работи и заедно победувавме. Ја гледам и мојата улога во пренесување на искуството на помладите играчи, да се обидам да го пренесам знаењето што го стекнав низ годините“, истакна 37-годишен лев бек кој моментално игра за Еурофарм Пелистер.

Некои поранешни ракометари на Партизан како Мијајло Марсениќ или големи навивачи на црно-белите како Урош Борзаш изјавија дека со задоволство би дошле во Белград доколку се направи амбициозен проект. Петар Ѓорѓиќ веќе ја заврши кариерата во Партизан, а сега како следни засилувања се споменуваат Мигел Санчез-Мигаљон и Игнасио Барбито.

Абутовиќ ја освои Лигата на шампионите со најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар, а играше и за Спартак Суботица, Слован, Рајн Некар Левен и Шартр.

 

ИЗДВОЕНИ